Комисијата за заразни болести денеска има и втор вонреден состанок, по зголемените бројки на заразени од корона вирус изминативе неколку дена, на кој присуствува и министерот Венко Филипче и претставници од МВР.
Вонредниот состанок следува по информацијата дека и денеска има зголемен број на заразени од корона вирусот, односно над 100, од кои 50-на во Скопје.
Од Комисијата за „Фокус“ неофицијално коментираат дека е најдобро за Духовден да се воведат рестриктивни мерки, во деловите кои се жаришта, бидејќи постои опасност вирусот неконтролирано да се шири.
Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на дејстување.
Најдоцна до утре се очекува Владата да донесе и одлука дали ќе има полициски час за претстојниот викенд кога е и Задушница.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















