Морничави прогнози на Сорос: Европската Унија ќе се распадне како Советскиот Сојуз!

0
125

„Заспаната Европа паѓа во провалија, а Европејците мора да се разбудат пред да биде доцна“, предупредува американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Сорос вели дека Европската Унија ќе тргне по патот на Советскиот Сојуз, доколку луѓето не превземат нешто за да ја спасат.

„Ако тоа не го сторат, Европската Унија ќе оди по патот на Советскиот Сојуз во 1991-ва година. Ниту нашите лидери, ниту граѓаните не разбираат дека доживуваме револуционерен момент, дека опсегот на можности е многу широк и дека исходот на тоа е многу неизвесен“, изјави Сорос.

Сорош тврди дека предстојните избори за Европскиот парламент во мај оваа година ќе бидат клучни за иднината на континентот. Тој уште еднаш остана верен на неговото противење на Брегзит, нарекувајќи го предстојното излегување на Велика Британија од Европската унија „случување кое ќе ја дефинира земјата во следните децении“.

„И во Велика Британија застарената партиската структура ја спречува волјата на народот да го пронајде соодветниот израз. Ситуацијата е толку комплицирана, така што повеќето од Британците сакаат само тоа да заврши, иако тоа ќе биде одлучувачко случување за земјата во наредните децении“, додава Сорос.

Исто така, Сорос истакна дека сојузот на германските партии “CDU” и “CSU” веќе не е одржлив и дека е загрижувачки е порастот на популарноста на десничарската партија “AfD”.

Медиумите пренесуваат дека Сорос, инаку еден од главните спонзори на Демократската партија, вложил милиони во кампањата против Брегзит со што стекна контроверзен статус во десничарските кругови.

Дури и американскиот претседател Доналд Трамп говореше за „теории на заговор“ за Сорос, вклучувајќи дека милијардерот го финансирал карванот на мигрантите од Централна Америка кои се обидуваат да влезат во САД.

Кон средината на минатата година, американскиот магазин „Форбс“ ја објави најновата листа со најбогатите луѓе на светот, на која Џорџ Сорос се наоѓа на исклучително високото 27-мо место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here