Моќта на бакнежот: Од ова зависи колку ќе трае вашата врска

771

Бакнежот е многу моќна работа и јасно ја одвојува врската од пријателството. Колку повеќе се бакнувате, толку повеќе ќе трае вашата врска, тврди сексуалниот терапевт Кејт Еванс.

Еванс пишува за “Your Tango” зошто првото прашање што им го поставува на паровите на своите сесии е – колку често се бакнувате? Одговорот на ова прашање открива многу информации за врската на парот бидејќи во случаите кога недостасува бакнување, интимноста може да избледе многу брзо.

“Романтичната врска вклучува сексуална интимност, а пријателството не. Ако сте со некој во брак и нема сексуална интимност помеѓу вас, вие сте во пријателска врска, а не во романтична”, напоменува Еванс и додава дека и обичниот бакнеж е многу моќна работа.

Интимноста во врската не вклучува само секс. Бакнежите се исклучително интимни, но и прегратките се важни.

Кејт ги поттикнува своите клиенти кои имаат проблеми со физичката поврзаност да вклучат и прегратка во својата рутина. Исто така, оваа терапевтка предложува и редовно бакнување, и тоа не во уста или чело, туку страсно во уста.

“Бакнете се наутро кога се поздравувате, кога ќе дојдете дома по работа, кога заминувате на пат и кога доаѓате дома. Изненадете се со бакнеж. Бакнете го вашиот поспан партнер. Секој пат кога се бакнувате, ѝ покажувате на таа личност колку ви значи”, советува терапевтката.

Држењето за рака и бакнежите се многу понежен начин за повторно запознавање со романтичната интима бидејќи и двајцата партнери мора да се чувствуваат пријатно пред да го вратат сексот во заедничкиот живот. Во моментот кога ќе им стане рутина да се бакнуваат што почесто, работите понатаму ќе се одвиваат сосема природно.