Македонската дива Калиопи деновите во карантин ги поминува во својот дом во Скопје, а таа една од првите јавни личности која започна да се вклучува во живо од својот „Инстаграм“ и да се дружи со фановите.
Калиопи во интервју за „Дан уживо“ за n1info.com откри како се чувствува во овој период.
„Знаете како се чувстувам….дали се сеќавате на филмот „Труман шоу“, е така се чувуствам. Имам чувство како некој да се игра со нас и дека ова е нереално. Искрено, се трудам да го зачувам секој вреден дел од себе за да можам да продолжам по оваа изоилација“ вели Опи.
ФОТО: ПРИНТСКРИН
Меѓутоа, пејачката ни во вонредна состојба не престанува да биде креативна и да се дружи со љубителите на нејзината музика.
„Од првиот ден кога сфатив дека нема да можам да се движам, да патувам, да имам концерти, си реков самата на себe: „Калиопи ти сега имаш одговорност онлајн да се дружиш со публиката, фановите“. Прво, започнав со онлајн дружења, а потоа со мини концерти“ вели поп дивата.
ФОТО: ПРИНТСКРИН
Калиопи исто така времето во изолација го користи максимлано и креативно, па го започна и оналајн натпреварот „Kaliopi Fan Art“, односно натрпевар во кој нејзините фанови и следбеници во изминатиот месец праќаа креативни дела за некоја од предвидените категории во натпреварот.
Како што истакна пејачката, по секоја недела ќе има по 15 финалисти, а на крајот размислуваат да има по два победника од секоја категорија. Главна награда ќе биде викенд во Македонија и дружење со Калиопи.
Опи откри дека кога ќе заврши целата ситуација ќе оди во студио и ќе работи на нови песни.
Целото интервју може да го погледнете тука.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











