Шри Ланка банкротираше според својот странски долг од 51 милијарда долари во една од најтешките економски кризи во историјата на таа земја.
Шри Ланка е зафатена со акутен недостиг на храна и гориво додека е соочена со секојдневни рестрикции на електрична енергија. Во минатите неколку недели незадоволството во јавноста ескалирало со обиди за упад на масата во куќите на членовите на администрацијата, па безбедносните сили морале да ги растераат демонстрантите со солзавец и гумени куршуми.

Министерството за финансии соопштило дека, пред добивање на финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд, Шри Ланка прогласува банкрот кон сите надворешни обврски, вклучувајќи кредити кон странски држави.

„Владата презема вонредни мерки само како крајна опција за да се избегнат понатамошни влошувања на финансиската ситуација“, се наведува во соопштението.

Економската криза во Шри Ланка почнала по неможноста за увоз на основна стока од странство откако пандемијата влијаела на падот на приходите од туризмот и приносите од странство.

Шри Ланка побарала ублажување на долговите од Индија и Кина, но двете земји, наместо тоа, понудиле дополнителни кредити купување на стока.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



