Млада Швеѓанка се “подразголела” поради горештините! За возачот на автобусот тоа било премногу, а еве како реагирал

1334

Млада Швеѓанка утрово доживеала неочекуван и многу непријатен инцидент кога пред останатите патници била исфрлена од автобус.

Причина за тоа биле кратките панталони кои девојката ги сметала за прикладни за темпаратура од 27 степени.

Возачот рекол дека таквата комбинација не е дозволена во автобусот бидејќи “покажува премногу”, а девојката останала без своето возење, но и без текст.

“Не можам да верувам што се случи. Само ја прилагодив облеката на временските услови”, напишала Аманда Хенсон во емотивна Фејсбук објава, додавајќи дека никогаш не се чувствувала толку понижена.

Однесувањето на возачот го нарекла “сексистичко ср*ње”, а за целиот инцидент ја известила и автобуската компанија која моментално и се извинила на девојката.

Вработениот постапил сосема погрешно и спротивно на нашите вредности. Возачот сега е оддалечен од работното место, а целата ситуација детално ќе ја истражиме, порачале од компанијата “Nobina Sverige AB”.