Мизрахи на Заев му покажуваше слики од своето семејство: Беа однесени во Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор

723

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница за пратенички прашања од говорницата на премиерот Заев му покажуваше фотографии од своето семејство кое било однесено во Треблинка. Со драматичен тон му се обраќаше на Заев и нагласуваше дека биле однесени од бугарскиот фашистички окупатор.

-На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чии наследник сум јас. Дали стоите на ставот дека Бугарија била администартор на Македонија, а не окупатор?, го праша Мизрахи Заев.