Мистеријата за состојбата на легендарниот Михаел Шумахер конечно ќе биде откриена

127

Од најавата дека е во припрема, целиот свет со нетрпение го чека документарецот за Михаел Шумахер. Тој беше подготвуван под будното око на Корина, сопругата на легендарниот возач на Формула 1 и – е спремен за емитување.

Од моментот кога доживеа тешка повреда на скијање, Шумахер веќе со години живее под велот на тајната, а во документарецот ќе биде прикажано како изгледа денес. Филмот ќе содржи интервјуа со блиски луѓе на големиот шампион – со сопругата Корина, синот Мик, ќерката Џина-Марија и таткото Ролф.

Како и воглавно сите информации, семејството Шумахер криеше дека воопшто се снима документарен филм, потоа беше објавено дека истиот треба да се емитува уште во 2019 година, па во 2020 година, но и тоа пуштање во етер беше одложено.

Иако целиот свет го интересира што се случува сега со познатиот Михаел, филмот воглавно ќе се заснова на неговите успеси и патот кон освојувањето на 7-те титули во Формула 1. Шумахер во 2013 година доживеа несреќа во текот на скијањето на Алпите поради што беше ставен во индуцирана кома, а оттогаш живее во строга приватност.

„Филмот ја прикажува импресивната кариера на Шумахер и многу аспекти од неговиот сложен живот. Тој е немилосрден и одважен возач на Формула 1, амбициозен спортист, искусен механичар, доверлив тимски играч и љубезен семеен човек“, вели Сабин Кем, портпарол на семејството Шумахер.

Бенџамин Сејкел кој помагал во продукција на документарецот, јавно му се заблагодарил на семејството што на светот му подаруваат едно такво филмско дело:

„Воодушевени сме што имавме доверба и соработка со семејството на Михаел Шумахер бидејќи без нивната поддршка, филмот не би бил можен“, кажал Сејкел.