Изборната комисија на Порторико соопшти дека се откриени повеќе од 100 актовки со непреброени гласачки ливчиња една седмица подоцна откако во оваа територија на САД беа одржани изборите.
Ова предизвика лавина на реакции во јавноста, а гласачите сега се сомневаат во резултатите од изборите.
Франциско Росадо, новиот претседател на изборната комисија изјави дека актовките биле пронајдени во заштитен трезор и дека за тоа се виновни недостатокот на финансии и малиот број на вработени во телото одговорно за броење на гласовите.
„Утврдивме, за жал, дека има неорганизираност во ракувањето со материјалот во трезорите. Исчезнато. Лошо организирано, мораме да го признаеме тоа“, изјави Росадо.
Тој изјави дека не знае колку вкупно гласови имало во 126-те актовки, со оглед на тоа што во некои имало три ливчиња, а во некои над 500.
„Секој глас ќе биде преброен. Морам да им кажам на граѓаните на Порторико да веруваат во транспарентноста на изборниот процес“.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

