Министерот Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

134

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ги извести граѓаните за својата здравствена состојба откако вчера се проширија гласини дека доживеал срцев удар.

Во својата објава на социјалните мрежи, Таравари истакна дека доживеал ненадеен колапс и бил итно пренесен во болница, каде што и понатаму е под опсервација.

-Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.
Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен, пишува тој на Фејсбук.