Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, како што најави на својот ФБ профил, утрово на средба со шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, и ги предал аудио записите, што ги објавуваше во Собранието на седница на Комисијата за европски прашања.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го предаде и разговорот, што сакаше да го објави на пленарна седница на Собранието, а за тоа не доби дозвола од спикерот Талат Џафери, Милошоски рече:
-Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие.
Тој додаде дека е направен уреден запис и оти обвинителката рекла дека ќе го вметне како доказ во обвинението за Меѓународниот сојуз.
-Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирање на 1ТВ, рече Милошоски.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















