Милошоски до Заев: Дали ги знаете Коки и Кики што рекетираат градоначалници?

1014

Дали ги знаете Коки и Кики што рекетираат и изнудуваат пари од градоначалници?, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски премиерот Зоран Заев, за време на пратеничките прашања во Собранието.

„Долго време се зборува за извесен сопственик на ТВ со псевдоним Коки кој се занимава со уцени рекет и перење пари. Тој не зборувал за сума помала од 200 илјади евра. Да го прашам премиерот Заев дали знае дека ова лице изнудило пари од поранешен градоначалник за 200 илјади евра?“, праша Милошоски.

Заев одговори дека слушнал и дека има сознанија дека веќе е отворена истрага.

„Да допрел глас до мене. Скопје зборува и внатрешноста зборува. Прашав и проверив, а од институциите рекоа дека има истрага. Дај боже да има докази за да се расветли оваа работа“, одговори Заев.

Заев знае која е градоначалничката од која Коки и Кики барале пари

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната седница во Собранието дополнително праша дали Заев знае кое е второто лице со псевдоним Кики за кое се зборува дека е функционер на СДСМ и дека заедно со Коки барале бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра од една од петте градоначалнички на СДСМ.

„Немам намера да лустрирам претходно луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се баралао урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план, си има истрага“, рече Заев.