„Исто така мора да победуваме и во Вашингтон и во Брисел и Рим и во Лондон и во други метрополи во светот и да бидеме што е можно погласни, што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици кои се пред нас, но и оние кои се позади нас и мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме единствено за интересот на граѓаните и татковината“.
Многу сум задоволен од посетата во САД која беше исклучително корисна, плодна и очекувам резултатите да бидат видливи, интензивни и големи.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци, како и во доизградбата на детската градинка во Општина Петровец.
-Ние домашната задача и борба ќе ја водиме, ева за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за подобро образование… и таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме, рече Мицкоски и додаде:
„Исто така мора да победуваме и во Вашингтон и во Брисел и Рим и во Лондон и во други метрополи во светот и да бидеме што е можно погласни, што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици кои се пред нас, но и оние кои се позади нас и мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме единствено за интересот на граѓаните и татковината“.















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















