Меси славеше со аргентинските фанови и не можеше да ги сопре солзите

38

Лионел Меси беше прво име во редовите на Аргентина во триумфот над Боливија (3-0). „Гаучосите“ започнаа подобро и со индивидуална акција на својот најдобар фудбалер поведоа. Немаше дилеми околу победникот кога ѕвездата на ПСЖ погоди вторпат по еден час игра, а до крајот успеа и да го комплетира својот хет-трик.

Доминацијата на Бразил во квалификациите за Мундијалот продолжи на домашниот дуел со Перу (2-0) во рамки од 10. коло. Перфектната репрезентација на Тите ја запиша осмата победа, неколку дена по прекинот на дербито со Аргентина.

Домашните фудбалери отворија со погодокот на Рибеиро. Работата пред паузата ја заврши Нејмар, кој немаше проблеми да ја смести топката во мрежата од непосредна близина. Продолжението донесе подобра игра на Бразилците, а Перу немаше сериозна шанса да запише гол за утех.

Уругвај се зацврсти на третото место со минималецот над Еквадор (1-0). Херој на домашната репрезентација беше Переиро, кој го „скрши“ противникот во надополнувањето од мечот, кога реализира одличен центаршут со глава.

На останатите натпревари, Парагвај ја совлада Венецуела (2-1), Колумбија беше поуспешна од Чиле (3-1).