Меси му постави три услови на Лапорта за да остане во Барселона

89

Сагата околу иднината на Лионел Меси продолжува. Ѕвездата на Барселона на крајот од сезоната е слободен играч, се погласни се шпекулациите за негово заминување, иако се промени раководството.

Во Барселона се надеваат дека новиот претседател Жоан Лапорта ќе успее да го премисли аргентинскиот фудбалер да остане во клубот. Рокот за преговори трае до 30 јуни, односно до денот кога му истекува договорот на Меси.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси му поставил три услови на Лапорта за да остане во Барселона. Првото барање е клубот да донесе звучно засилување во нападот, а се говори дека опции се Ерлинг Халанд и Серхио Агуеро. Вториот услов на Меси е првиот тим повеќе да се потпира на играчи од „Ла Масиа“, додека третиот е двете страни да бидат во константна комуникација и Меси да има информации за водењето и иднината на клубот.

Меси е фудбалска икона на Барселона и целата своја кариера ја мина во овој клуб. Скоро сите рекорди се во негова сопственост, па секако дека раководството ќе направи се за да го задржи до крајот на кариереата.