Мерко за дивоградбите: Не да рушиме, се ќе им дадеме да градат, баш нè брига што нè напаѓате

106

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денеска порача дека во Струга треба да се гради, а не да се уриваат дивоградбите. Тој не се согласува со предлогот на Антикорупциската комисија која побара Владата да се справи со уривањето на дивоградбите во Струга и Охрид, наместо тоа да го прави локалната самоуправа.

-Сè ќе му дадеме, не да рушиме. Ние ќе му кажеме да догради уште, не да рушат. Овие работи вас и на многу невладини што ги има во Охрид напаѓаат за Струга што нас за тоа баш не брига … Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Ние сме локална власт. Што сме ние?, дециден е Мерко.