Откако целиот регион особено соседна Србија го зафати голем снежен циклон, кој услови врнежи од снег во речиси цела Македонија, како и во нашиот главен град Скопје, метеоролозите најавуваат дека особено викендов ни следува пораст на температурите на воздухот.
Додека за време на викендов очекуваме јужно воздушно струење, во петок особено во претпладневните часови може да очекуваме локално слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места и планините најмногу во западните делови од државата. Поради условите можно е и создавање и на замрзнат дожд на места, како и појава на магла во котлините.
Сеуште многу студено ќе биде утрешното четврточно утро кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите е можно да се спуштат и под -10 степени.
Веќе за време на викендот минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)






![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












