Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација со победата над четирикратниот светски шампион Германија со 2:1 во Дуизбург. Победата на „црвено-жолтите“ беше фудбалска вест број еден во сите светски спортски медиуми бидејќи не само што беше совладана фудбалска велесила туку и поради податокот дека Германија го доживеа само третиот пораз на домашен терен откако игра мундијалски квалификации.
Големата победа која ја издвојуваа избраниците на селекторот Игор Ангеловски, односно победничкиот гол на Елиф Елмас имаше и латиноамерикански шмек.
Латиноамериканците имаат посебен стил на коментирање, а тоа највеќе се однесува при постигнувањето на голови на нивните екипи.
Коментаторот во Мексико буквално збесна кога Елмас го постигна победничкиот гол, викајќи го познатото латиноамериканско „гооооооооолллллл“.
Ахахааа зајде братот💪💪💪 pic.twitter.com/rFQnr0HsRw
— СироМашкиот (@MaskiotSiro) March 31, 2021