Дорија Регланд се вселила кај ќерка си Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, во нивниот дом, пренесуваат странските медиуми.
Имено, Меган инсистирала тоа да се случи за да има помош околу синот Арчи во домот кој го изнајмиле во Лос Анџелес, а како што се наведува, Хари ништо не знаел за тоа, па затоа голем број луѓе му се потсмеваат.

Од друга страна, нему навистина му се допаѓа идејата на неговата сопруга.
„Сакаат Дорија да има мир, а иако пријателите се шегуваат на сметка на Хари, бидејќи живее со мајката на неговата сопруга, тој има одличен однос со неа“, раскажал близок извор на парот.