Медитации што ќе го смират вашиот ум за 60 секунди

126
Woman with eyes closed sitting in meadow.

Сигурно знаете дека медитацијата е еден од најдобрите методи за справување со стресот. Со секојдневното забрзано темпо, секој бара некаков начин да се опушти и да остане здрав. А, медитацијата служи токму за тоа. Започнете со некоја медитација што трае една минута, тоа е доволно време да забавите, да дишете правилно и да ги насочите мозокот и мислите кон нешто друго.

Едноставни медитации што ќе го смират вашиот ум за 60 секунди

1. Основна медитација за дишење: ставете ја едната рака на градите, а другата на срцето. Вдишете преку нос четири пати, а издишете броејќи до четири. Продолжете да го правите тоа додека не помине една минута. Оваа вежба е најдобро да се прави наутро, бидејќи ќе ви помогне подобро да го започнете денот.

2. Медитација на ноздрите: за да ја балансирате енергијата, наизменично користете ги ноздрите. Затнете ја десната ноздра и вдишете низ левата. Потоа затнете ја ја левата ноздра и издишете низ десната страна. Правете го тоа една минута.

3. Медитација за истегнување на вратот: спуштете го десното уво на десното рамо и вдишете полека, а потоа полека издишете низ устата. Повторете четири пати, а потоа сменете ги страните. Ова ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста.

4. Подвижна медитација: застанете исправено со споени дланки и длабоко вдишете низ носот. Ставете ја едната рака на половината, спуштете ја другата рака и малку свиткајте се настрана. Вратете се на средина, вдишете и издишете, свиткувајќи се малку на другата страна. Фокусирајте се на дишењето додека ја изведувате оваа вежба.

5. Медитација во поза на дрво: ставете ја едната нога цврсто на земја и ставете ја другата нога на спротивната нога над коленото. Спојте ги дланките и фокусирајте се на лесно дишење. Ако ви е тешко да одржите рамнотежа, обидете се да се фокусирате на една точка. Дишете така 60 секунди, а потоа повторете на спротивната страна.