Марковски: Епидемијата ќе заврши кога вирусот ќе зарази повеќе луѓе, да не сме му заложници

562

Да се олабават мерките и граѓаните послободно да живеат за да се навикнеме на болеста па и да стекнеме колективен имунитет, вели енфектологот професор Вело Марковски во синоќешното гостување на ТВ 24. Според него, сега треба да не сме заложници на овој вирус, да живееме нормално.

„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала. Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува. Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.

Инфектолот Марковски смета дека граѓаните не треба да носат ракавици ниту маски.

„Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респираторни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор. Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите, вели Марковски.

Вели дека дури и вакцината можеби не е решение повеќе стекнувањето колективен имунитет. Марковски смета дека вирусот не може да стои на зеленчук и на овошје и дека за да се пренесе треба да има повеќе услови.

Иако, како што вели, не се благодарни споредувањата, во овие три месеци 130.000 умреле од СИДА, 150.000 луѓе се починати од рота вируси, 20.000 умираат дневно поради некоја инфекција.