Македонките од естрадата во ,,летно” издание! Еве како ти изгледаат во бикини! (ВИДЕО)

361

Летото со себе носи пеколни горештини, но и летни убавини. Егзотични дестинации, песочни плажи, сонце, вода, природа, единствена можност за уживање, одмор и релаксација…

Така дел од познатите македонки од естрадата ги оставија секојдневните обврски на страна заминаа на одредени летни дестинации, на различни локации кои имаат заеднички именител: вода! Покрај река или езеро, на базен, на море или крај океан… важно е да те заплисне влажен бран!

А, која каде беше и што правеше? Ова е парче од летните активности на дел од познатите Македонки.

Фолкерката Сања Сани Гроздановски замина на море, па покажа на што лежи. Не крај КОГО, туку на ШТО… И тоа кога е во вода!

Ем за убаво исончан задник, ем за поглед од соништата на мажите што се во вода, а глумат дека гледаат кон својата девојка или сопруга на брегот!

Пејачката Аделина Тахири беше на езготична дестинација… Покрај океан. Вода, песок, палми… чист луксуз! Впрочем, така е навикната. Зато и ги гушка…

Палмата заради подобра поза при оставањето уметнички впечаток…

…И својот адвокат, во случајов и нејзин сопруг, заради тоа што сето ова што и го приуштил! Затоа и го сака!

Со што располага главната уредничка на ТВ „Алфа“ кога е телесниот раскош во прашање можеа да видат само охриѓании оние што се во македонскиот езерски бисер, на одмор. Анастасија Деа Богдановска  таму го најде својот спас од пеколот. Во својот рај, уживаше под сенка. Во едноделно розово бикини, со сламена шапка и добра книга, по првото испиено утринско кафе.

Хранењето на лебедите и нивниот подмладок ги остави за попладнето.

Зашто за блиска дружба со „лилјаците“, мораше да почека да се стемни!

Пејачката и шминкерка Зои Блаж,бикините ги навлажни на базен, во Велес. Патем покажа што има да покаже, ама најмногу, како стручно се држи селфи стапот, а и како изгледа кога ќе му се качиш на саканиот на вратот!

Среќа што телесната маса не и е „екстрем“, инаку гаќичките за капење сосе „интимо“- тов натре, ќе му паднеа до тетоважата… до колена!

Уште една наша пејачка беше на море, во Хрватска. Девана Нардели покажа што е тоа „полутоплес“. Или поточно тие што биле со неа на плажа, виделе топлес во живо, а сите други, само полутоплес на исечената фотографија.

Ама затоа сите кај Девана видоа нешто друго, и тоа на облечено. Какви гаќички носи под црните проѕирни хеланки, без хеланките да ги соблече!

Според фотографиите во Хрватска на море била уште една позната Македонка. Популарната фитнес инструкторка и мотиватор, Ана Стојанова.

Па така расоблечена во мини бикини, подкачена карпа и фатена за борова гранка, покажа што е тоа и „предна“ и „задна“ танга!

Што имаше да покаже, македонскиот модел Александра Накова оддамна покажа.

Ова сега е само нов кадар или реприза на нејзините телесни квалитети.

Тетовираната роза на левиот колк, и останатите украси по извајаното тело и долу и горе, само прават да имате природна возбуда, со поглед на море.

А кога пак, ќе се појави на отвореното пливалиште во едно од најпознатите гевгелиски казина, вработените го затвораат базенот.

За случано да нема жртви. Зашто кога Накова влегува во него, мажите не знаат што прават…

Забораваат и да пливаат и да дишат, па се дават!