Македонија во ранг на Јужна Африка и Уганда по процент на вакцинирани

69

Со првата доза на вакцинирани во Македонија, до сега опфатени се вкупно 12.100 граѓани, односно само 0.7 отсто од населението, со што се рангира меѓу земјите со слаб и бавен процес на вакцинација, пишува Фактор.

На табелата на угледниот Економист, сепак, после нас има и полоши држави во поглед на вакцинацијата, односно со 0,6, 05, па дури и 0,1 отсто од населението кое е досега вакцинирано со првата доза.

Економист објави табела каде прикажува процент на вакцинирани граѓани од државите, Македонија е најдолу на листата, а после нас се Јужна Африка, Кенија, Уганда, Пакистан, Белорусија, Венецуела, Тајланд, Ирак.

Лидер вовакцинирањето е Израел, земја која веќе со првата доза успеа да вакцинира 10,2 милиони граѓани. Тоа претставува дури 94,7 отсто од нејзиното возрасно население.

Добри бројки во поглед на вакцинацијата покажува и Унгарија, и тоа вакцинирани со прва доза се 3,54 милиони од граѓаните, што е 32,6 проценти.

Нашиот северен сосед, Србија, со чии донации од вакцини всушност се одвива добар дел од вакцинацијата во земјава, има и повеќе од одлични бројки.

Податоците на Економист покажуваат дека таму се вакцинирани 2,63 милиони од граѓаните со прва доза, што е 21,9 отсто од населението.

И Турција има добар процес на вакцинација. Во таа земја првата доза од вакцината ја примиле 17,4 милиони од граѓаните, што е 17,6 проценти.

Словенија има 406 илјади вакцинирани граѓани, што е 17,2 отсто од граѓаните.

Додека, пак, Грција, веќе успеала да им обезбеди прва доза на 1,95 милиони од граѓаните, што е 15 отсто од населението, а во Хрватска бројката на вакцинирани со прва доза изнесува 517 илјади граѓани, или 12,7 проценти.

Подобри од нас се и Албанија, со 222 илјади вакцинирани граѓани или 9,2 проценти.

Бугарија досега со прва доза има вакцинирано 520 или 7,4 отсто од граѓаните, Црна Гора вкцинирала 34,3 илјади од населението со првата доза или 6,2 проценти.

Од Економист во својот уводник велат дека пандемијата ковид-19 ги уништи животите на милијарди луѓе откако првпат го погоди кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Таа предизвика 133 милиони инфекции и доведе до смрт на 2,8 милиони луѓе. Вакцините за борба против сарс-ков-2, вирусот што ја предизвикува оваа болест, се развиени за рекордно време.

„Досега 149 земји имаат програми за масовна вакцинација и заедно имаат администрирано околу 693 милиони удари. Нашиот глобален тракер за податоци ковид-19 се ажурира двапати на ден со најновите податоци“, објаснуваат од Економист.