Македонија и Косово со заеднички скијачки проект: Поврзување на Брезовица и Попова Шапка

48

Првата заедничка седница на двете влади на Република Македонија и на Република Косово, истакна премиерот Заев е уште една потврда на одличните пријателски односи, за тесната соработка, за постојаното надградување на заемните интереси и за споделувањето на заеднички определби за Западен Балкан како регион на траен мир и целосно интегриран во ЕУ и НАТО.

Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти изрази сочувство до жртвите од несреќата во модуларната болница во Тетово и до сите жртви од пандемијата КОВИД-19. „Краток поглед низ страниците на историјата, може да се најде на едно место и Скопје и Приштина, и Призрен и Тетово, и дека нашите земји споделуваат многу работи една со друга, бидејќи нашата историја е полна со настани кои што неразделно ја одредија нашата судбина“, рече Премиерот Курти.

Република Македонија, посочи Заев, е подготвена да ги сподели со Република Косово сите свои искуства од нашата интеграција во НАТО, до членството на нашиот сосед во Алијансата.

Според Заев, различните ставови со Косово во однос на иницијативата „Отворен Балкан”, во која покрај земјава се и Албанија и Србија, не е пречка за одлична соработка.

Во церемонијалниот дел на седницата денеска премиерите на двете влади и ресорните министри ги потпишаа Меморандумите за разбирање меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Косово за физибилити студијата за патот Призрен – Тетово и  за рехабилитирање на тампон зоната Блаце помеѓу двете гранични објекти на двете држави, Договор за соработка  во областа на дијаспората, Договор за статусот на припадниците на вооружените сили на Република Македонија и Безбедносните сили на Република Косово (СОФА), Протокол  за имплементационен договор за спроведување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за гранично регулирање на железничкиот сообраќај, Меморандум за соработка во Енергетскиот сектор, Договорено е и воспоставување заеднички скијачки проект, поврзување на Брезовица и Попова Шапка…,Меморандум за соработка во областа на иновациите и технолошкиот развој и претприемништво, Договор за партнерство меѓу Република Косово, претставено од Министерството администрација за локална самоуправа како партнер-лидер и Република Македонија, претставувана од Министерството за Локална самоуправа како партнер за управување со грант договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Косово –  Македонија 2014/2020, Меморандум за соработка меѓу Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за регионален развој на Република Косово, и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово.