Македонци! Во Будва лимонада 9 евра, кока кола 6 евра

250

Ако одите на прошетка долж црногорскиот брег и одлучите да се освежите во некои од кафулињата, бидете подготвени да оставите малку богатство за вашата сметка. Туристичката сезона во регионалните центри на плажите на Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија е во тек, но речиси и да не помине ниту еден ден, и некои од туристите дане се пожалат на високи цени на храна, пијалоци, лежалки, но исто така и на сместување. Денес на социјалните мрежи осамна менито на едно од кафулињатана плажите во Будва. Според него се чини дека угостителите од Црна Гора оваа година одлучиле цените на пијалаци во барови и ресторани да ги копираат од хрватските соседи на кои годинава им пропадна туристичката сезона поради високите цени.

Така според менито за лимонада подгответе се да платите скоро 9 евра за чаша, за смути од ананас скоро 17 евра, а за цеден сок од јаболко 9,6 евра. Ако се одлушите пак за нешто газирано бидете подготвени да платите 6 евра. Толку чини пепси и кока кола.

И имајте во предвид дека ова не е луксузен ресторан туку кафуле на плажа. Во рестораните цените се многу повисоки.

Коментарите на посетителите се сека иако Будва е навистина убава, но тоа не е Монте Карло, за кое велат дека е можеби дури и поевтино кога станува збор за цените на кафето и пијалоците, и дека не им паѓа на ум дека плаќа дури 20 евра за една чаша сок.