Каракачанов: Во Македонија живeaт марсовци, нo имаат пpaвo дa се нapeкyваат „aнтички“

165

Никој нема да си го дозволи луксузот да ја предаде историската вистина за Македонија. Нема начин да се избрише половина од бугарската историја со лажни аргументи, изјави лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов, вицепремиерот и министер за одбрана во оставка на Бугарија.

Тој не верува дека позицијата на Бугарија кон Македонија ќе се промени по парламентарните избори, како што се очекуваше кај дел од политичката елита во Скопје.

– Никој нема да си го дозволи луксузот да ја предаде историската вистина за Македонија. Не сакаме многу. Сакаме една работа. Сегашните политичари во Македонија треба да престанат да ги вознемируваат оние луѓе кои имаат бугарски национален идентитет, да престанат да влеваат омраза преку образованието, медиумите, преку целата политика кон Бугарите и Бугарија, да престанат да ја фалсификуваат бугарската историја. Ние не го негираме правото на секој да се нарекува како што сака. Вие имате право да се нарекувате антички Македонец, но немате право да ја фалсификувате вистинската историја на Македонија, бидејќи Македонија како географски регион направи многу повеќе за Бугарија отколку Мизија, Тракија и Добруџа. Нема начин да се избрише половина од бугарската историја со лажни аргументи. Ние нема да го дозволиме тоа. Не верувам дека постои бугарски политичар кој може да изврши такво национално предавство, нагласи Каракачанов.

Тој предупреди дека ако нешто вакво започне да се случува, протестите од летото 2020 година ќе се сметаат за „сон на летната ноќ“.

Како што истакна Каракачанов, тој бил „најомраазената личност за лажните македонски патриоти, кои со српските методи на анти-бугаризмот продолжуваат да ја држат во мрачната дупка на изолација Република Македонија“.