Мајорка под снег! Неверојатни сцени во Шпанија, температурите под нула

405

Кога ќе помислите на шпанскиот остров Мајорка, можеби ќе помислите на туристи кои уживаат во сончев ден на плажа. Меѓутоа, овој остров денеска бил прекриен со снег.

Бурата Џулиет во неделата го погодила балеарскиот остров Мајорка, носејќи со себе студено време.

Градовите ширум Мајорка, вклучувајќи ги Валдемоса и Лук, се прекриени со снег, а температурите паднале на минус 2 степени.

Бурата во неделата ја погодила Мајорка, а шпанската метеоролошка агенција „AEMET“ предупредува дека околу 40 центиметри снег ќе паднат во планинскиот ланец Сиера де Трамонтана на северот на островот во рок од 24 часа.

Бурата ќе резултира и со морски бури со огромни бранови и интензивни ветрови.

Како резултат на тоа, „AEMET“ објавила црвено предупредување за времето во северните региони на островот. Издадено е жолто предупредување за ветер, бидејќи денеска се очекуваат удари од 80 километри на час.

Се очекува бурата Џулиет да предизвика ниски температури и студени ветрови ширум земјата и Балеарските острови до четврток.