Мајката на малата Данка го гуглала граничниот премин со Романија, пред да исчезне девојчето!

213

По вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатата Данка Илиќ, откриено е дека таа го гуглала граничниот премин меѓу Србија и Романија непосредно пред исчезнувањето на детето, пишува српски Информер.

Ивана Илиќ на интернет го пребарувала граничниот премин Кладово-Турну-Северин.

Исто така, мајката на детето гуглала кривична одговорност, односно колкава е таа за одредени кривични дела.

Потсетуваме дека потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ (2) од Бор, кое исчезна во вторникот на 26 март во 13:45 часот во населбата Бањско поле, влезе во осмиот ден, но, за жал, се уште нема јасни информации за судбината на детето.

Во моментот на нејзиното исчезнување, малата Данка носела виолетови панталони  и маслинестозелена јакна.

Потрагата по исчезнатото девојче продолжува и денес, како и апелот доколку некој ја види малата Данка веднаш да ја извести полицијата!

Граѓаните ширум регионот, кои нестрпливо чекаат вест дека девојчето е пронајдено, се особено погодени од видеото од Виена, каде во придружба на две Романки се гледа девојче кое според изгледот неверојатно потсетува на малата Данка. Интерпол распиша жолта потерница по Данка.