Жителка на Мала Речица му носела хероин, скриен во кутија со сок, на нејзиниот син кој е во притвор во затворот во Тетово.
Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот од страна на вработени во затворот во Тетово, при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С. (61) од село Мала Речица, Тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин.

По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















