Заевизмот партискиот рекет го претвори во државен рекет на чело со АНБ и обвинителски структури, обвинува опозицијата
Огромен скандал е што истражители на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) вршеле рекет на бизнисмени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на акцијата која се спроведува во Скопје против уценувачи на бизнисмени, а во која според неофицијални информации, меѓу приведените има и вработен во АНБ.
„Прашањето е што барале вработени во АНБ да соработуваат за рекет со криминалното подземје? Заевизмот и луѓето од власта партискиот рекет кој го видовме со Катица Јанева го претворија и во државен рекет овој пат со Агенцијата за национална безбедност. Зошто АНБ наместо да се грижи за националната безбедност се грижи и врши рекет на бизнисмени? Кои луѓе од власта на Заев се вмешани во овој скандал? И зошто нема одговорност за челните луѓе од АНБ?“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според извори од истрагата, акцијата ја спроведува Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје, но досега за акцијата не се огласија ниту од обвинителството ниту МВР.
Неофицијално, покрај вработениот во АНБ, приведен бил и еден од амнестираните за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но потоа беше амнестиран бидејќи беше во групата обвинети кои директно не учествувале во насилствата.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















