Кривичен го одби барањето на Кичеец за условен отпус

430
Зоран Милески Кичеец, кој е осуден за случајот „Рекет“, нема порано да излезе струшкиот затвор. Оваа одлука ја донесе Кривичниот суд кој го одби неговото барање за условен отпуст.

Тричлениот Кривичен совет заседавал во петокот, а барањето на Милевски се темелеше на веќе одлежана една третина од казната, во случајов една година.

На седницата присутен бил директорот на затворот во Струга кој го образложувал доброто поведение на Милески во установата со која раководи. По ова решение на судот Милевски има право да се жали до Апелациониот суд во Скопје во рок од осум дена .

Кичеец за случајот „Рекет“ беше осуден на 3 години затвор, а неодамна доби и 6 месечна затворска казна за сообраќајката кај Стража, во кое едно лице загина, а седум беа повредени.