Конечно се огласи Карлеуша: „Цел Балкан го гледа касапењето на една жена, нејзиното семејство, чест!“

419

Се врати во Србија и објасни се’

Јелена Карлеуша се врати во Србија по порно-аферата која со денови го тресе Балканот. Таа веднаш им се врати на работните обврски, па отиде на снимањето на Ѕвездите на Гранд, каде што ја пречека огромен број претставници на седмата сила од кои избега најбрзо што можеше.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи и покажа колку е повредена.

Болната хајка не престанува. Злото кое мене и на моето семејство ни е направено со болни лаги е немерливо. Никогаш никого не сум убила, украла или направила нешто лошо. Напротив целиот живот го посветив на помагање на луѓе и животни. Целиот Балкан, целиот свет нека го гледа медиското, психолошкото, безумното касапење на една жена, нејзиното семејство, името, честа, основното човечко достоинство – и нека молчи. За крај ќе апелирам. Не ми ги ставајте децата на насловите страници. Не ги користете моите деца во вашите болни желби да ми наштетите мене. Има ли во вас малку човечност или едноставно сте монструми кои уживаат во злоставување и насилство, лаги и омраза,“ напишала Јелена покрај видеото на кое се гледа како не им дозволиле на фотографите да и се доближат.