Пејачката Сања Цинцева или како што многумина ја знаат, Сања – Барбика , после подолга музичка пауза деновиве влезе во студио. Имено, сексапилната струмичанка наскоро ќе ја изненади публиката со нова песна, а темата е снимена во студио ХЛ на Дејан Момировски.
Сања на социјалните мрежи објави неколку фотографии преку кои откри како минува снимањето, а друштво во песната и прави и маестралниот Џамбо Агушев со кој Сања е добра пријателка долги години наназад.
Текстот на песната го потпишува теекстописецот Борче Нечовски, а пејачката накусо ни откри дека за фановите подготвува големо изненадување, но не сакаше да открива дополнителни детали.


„Со добар тим успехот е неизбежен, а за успехот многу наскоро ќе слушнете. Џамбо и Барбика – Хит мејкери!“, напиша пејачката под заедичката фотографија од тимот на „Инстаграм“.
Инаку, пејачката е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа прилично забележително.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















