Ќерката на Мадона објави фотографија со мајка ѝ и ги подели фановите: Едни велат дека е бизарно, други се воодушевени

113

Лурдс Леон (24) е ќерка на пејачката Мадона и Карлос Леон, која е многу слободоумна кога се работи за женското тело.

Таа смета дека жените можат сами да одлучат што ќе прават со своето тело. Во прилог на тоа, таа не се депилира веќе подолго време и го покажува своето најприродно издание.

Таа ги покажува влакната под пазувите и тврди дека тоа е сосема нормално, иако на многумина не им се допаѓа таквиот начин на нагласување на телото, има и такви се воодушевени од нејзините ставови и храброст да се претстави на таков начин.

Уште една фотографија на младата Лурдс, која ја нарекуваат и Лола, привлекла внимание на социјалните мрежи. Мадона ја споделила таа фотографија на својот Инстаграм профил со емотивна порака.

„Како парчиња од вашето срце кои одат надвор од вас“, напишала. И понатаму е прилично невообичаено една жена така гласно да каже ‘не’ на општите стандарди за убавина, но сè уште многумина не се навикнати на тоа…