Китот кој залутал во Темза морал да биде успиен

83

Китот успеал да побегне од спасувачите и тргнал по течението на реката наместо да оди во отворено море.

Китот кој се насукал на брегот на Темза во предградието на Лондон е успиен по влошувањето на неговата состојба и оцената на експертите дека не би можел да преживее, јавиле спасувачите.

Британските спасувачи го ослободиле малиот кит, од видот минке китови, вчера наутро, на радост на стотината набљудувачи кои се собрале да го гледаат спасувањето. Сепак, китот успеал да побегне од нив и да тргне по течението на реката наместо кон отвореното море.

“Состојбата на китот се влоши за време на 45-те минути додека бевме со него”, рекла вчера координаторката на британските спасувачи.

Како што навела, животното не дишело добро и немало да преживее уште долго време, и додала дека ветеринарите од Зоолошката градина во Лондон успеале да успијат китот кој изгледа се одвоил од својата мајка.

Животното долго меѓу три и четири метри било забележано во неделата во југозападниот дел на Лондон, а се насукало на спустовите кои го контролираат протокот на вода.

Еден портпаролот вчера рекол дека однесувањето на животното е загрижувачко и дека експертите стравуваат дека здравјето не му е добро.

Меѓу најмалите китови, минке китовите обично достигнуваат 10 метри кога ќе пораснат и живеат на северот на Атлантскиот и Тихиот океан, но може да се најдат дури до Арктикот или екваторот.

Во Темза во 2006-та година се насукал кит кој тогаш предизвикал голем интерес кај јавноста. Меѓутоа, тој угинал кога бил вратен во морето.