Кирил Лазаров: Натпреварот денеска со Исланд за нас е финале

0
47

Капитенот Кирил Лазаров натпреварот со Шпанија синоќа го заврши со пет постигнати голови и успешност на шут од 56% , смета дека одигравме без калкулации , според Лазаров, натпреварот со Исланд е финале за Македонија на овој Мундијал.

-Не ги искористивме шансите, одигравме квалитетно прво полувреме, во вториот дел видовте што се случи. За нас денеска е финале, натпреварот со Исланд мора да го добиеме . Против Шапнија игравме без калкулации, добро е што по резултаскиот пад чувавме сили кои ке ни бидат потребни за денешниот натпревар. Да заборавиме што побрзо на овој меч и да се насочиме на главниот дуел со Исланд. Тоа е репрезентација која покажа добар квалитет. Подмладена е, но сите играчи играат во силни клубови. Палмарсон е нејзин предводник, играат незгоден скандинавски ракомет – изјави Лазаров.

Своја изјава даде и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по поразот од Шпанија изјави дека почетокот на второто полувреме бил клучен за поразот, кога противниците направија серија од 5-0 и поведоа со 6 гола разлика.

– Секогаш е тешко да се игра против Шпанија, бидејќи, според мене, тие ја имаат најдобрата одбрана во светот. Одигравме одличен прв дел и губевме еден разлика, но на почетокот на второто полувреме загубивме три топки за 30 секунди и го загубивме натпреварот. Потоа решив да ги променам клучните играчи за да ги сочуваме за клучниот натпревар денес, зашто знаев дека немаме шанса, изјавил Раул на пресот по мечот.

Во однос на денешниот меч против Исланд, слекторот на Македонија смета дека ако играме како вчера во првото полувреме, имаме реална шанса за победа над „рибарите“.

– Исланд е силен противник, но верувам дека можеме да го победиме. Треба да се одмориме, па да разговарам со ракометарите како се чувствуваат физички, па потоа ќе анализираме и ќе се подготвуваме, заврши Раул.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here