Бегството од затвор налик на тоа во филмскиот хит “Бегство од Шошенк” го забележале безбедносните камери во Индонезија.
Имено, кинескиот нарко-бос Чаи Чанпанг, кој е осуден на смрт, побегнал од Тангреанг затворот во близина на Џакарта.
Тој успеал да се провлече низ канализациски отвор долг 30 метри и тоа така што претходно со шрафцигер ископал дупка во својата ќелија.
На своето бегство Чаи работел долго време, а претходно го украл алатот од затворската кујнска работилница и ископал отвор широк половина метар низ кој успеал да дојде до затворската канализација.
Сето тоа се одиграло во добро испланирано време, во момент за смена на затворската стража. Безбедносните камери го фатиле моментот кога Чаи излегува од канализацискиот отвор, станува и исчезнува низ улицата.
Polisi Indonesia wametangaza dau nono kwa atakayewezesha kupatikana kwa Chai Changpan Raia wa China ambaye ametoroka Gerezani baada ya kuchimba shimo la urefu wa Mita 30 hadi kwenye bomba la maji machafu ambalo alilitumia kutorokea.@millardayo
pic.twitter.com/GJR4h2mWTw— SIMON F.MACHIBYA🇹🇿 (@Simon_Machibya) September 23, 2020
Службениците на индонезиската полиција велат дека ова спектакуларно бегство било планирано пет до шест месеци.
Чаи, кој е наречен и кинески Ел Чапо, станал еден од најбараните бегалци во Индонезија, а властите преземале мерки да го спречат бегството од земјата.
Чанпанг е осуден на смртна казна во 2017-та година, откако бил прогласен за виновен за шверц на 110 килограми синтетичка дрога метамфетамин. Полицајците, меѓутоа, нагласуваат дека ова не е прв пат Чанпанг да побегне од затвор. Додека чекал на судењето, во бањата со помош на железна шипка ископал дупка низ која побегнал, но и повел неколку затвореници со себе. Биле пронајдени три дена подоцна и вратени во затворската ќелија.
