Просечна дневна цена за изнајмување туристички апартман во Хрватска изнесува 63 евра, а цените варираат од дваесетина до дури 500 евра за еден ден наем.
Ова го покажува анализата на понуда на порталот Njuškalo.
Најголема понуда за приватно туристичко сместување има во Северна и Средна Далмација, како и на Кварнер и на Приморје. Се нудат секаков вид сместувања, од кои најмногу апартмани, но може да се најдат и цели куќи, но и соби, пренесува Tportal.
Приватното сместување во Далмација на пример, бележи најголем интерес во првата половина од годината, но и најповолни цени во сезона.Најмногу апартмани за издавање има во Задар, Водице, Вир и Биоград на Море.Просечна цена за изнајмување за еден ден во Задар е 62 евра, колку и во Биоград на Мори, додека истовремено просечна цена во Вир е 56, а Водице 57 евра за ден.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)
























