Ким го изигра Трамп: Сателитски снимки открија нова нуклеарна база во Северна Кореја

760

Новите сателитски снимки откриваат дека Северна Кореја ја проширила клучната ракетна база во внатрешноста на земјата.

Сателитските снимки кои што ги поседува „СиЕнЕн“ докажуваат дека дипломатските напори на Америка не направиле многу во врска со прашањето околу спречувањето на производството на нуклеарно оружје и интерконтинентални ракети во Северна Кореја.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, сателитските снимки докажуваат дека ракетната база Јеонгју-донг и натаму е активна и дека константно се надградува. Самата база веќе одамна им е позната на американските разузнавачи, меѓутоа снимките откриваат изградба на нови постројки оддалечени неколку километри. Ова го потврдиле истражувачите на Институтот Медлбери.

„Сателитските снимки покажуваат дека базата е активна. Освен тоа, Северна Кореја во изминатите неколку години значително ги прошири постројките. Се чинид дека се работи за уште една ракетна база“, стои во извештајот на Институтот.

Понатаму, се додава дека не се сигурни дали станува збор за две одвоени бази, или пак станува збор за надградба на постоечката.

„Изградбата продолжила дури и после јунскиот состанок на Трамп и Ким во Сингапур. Без оглед на тоа што Ким го зборува за својата наводна желба за денуклеаризација, Северна Кореја продолжува да произведува нуклеарно оружје“, тврдат од Институтот.