Кејт Аптон стана мајка, роди ќеркичка!

475

Девојченцето доби има Женевиев, и е преслатко!

Топ моделот Кејт Аптон, позната по своите раскошни облини и миленичка на списанието „Спортс илустрејтед“ стана мајка.

Кејт и нејзиниот сопруг Џастин Верландер, со кого се омажи минатата година, станаа родители на женско детенце. Девојченцето доби има Женевиев, и е преслатко!

Кејт ја постираше на Инстаграм фотографијата од нејзиното бебенце, пишувајќи  “Genevieve Upton Verlander ? 11.7.18”

И среќниот татко, кој инаку е познат бејзбол играч, постираше фотографија од бебенцето на својот Инстаграм профил, објаснувајќи дека во првата секунда кога ја видел Женевиев му го украла срцето.