Каролина Гочева го покажа своето тело во бикини на Крв

274

Познатите личности од македонската, но и регионалната музичка сцена, уживаат во летниот период и летните одмори. Повеќето од нив веќе се расоблекоа и позираа во бикини покажувајќи ги нивните извајани тела, некои повеќе, а некои помалку.

Некои за своја дестинација го одбраа Охрид, други Грција, Турција, Албанија, Дојран, Египет.

Македонската пејачка Каролина Гочева иако има профили на социјалните мрежи таа не споделува толкју често објави, туку одвреме – навреме знае да сподели по некоја фотографија.

Кога станува збор за музиката, за музичките успеси, нови проекти, кариера, Каролина секогаш е отворена да за зборува, но не сака да го експонира приватниот живот.

Меѓутоа, понекогаш знае да пушти срце и да покаже некој приватен детаљ. Така беше и овојпат кога пејачката на своите следбеници им покажа дека летово ужива на одмор на Крф, Грција.

Имено, на својот Инстаграм таа сподели неколку фотографии и покажа како ужива во соседсвото.

На првата фотка, Гочева позира покрај базен во бел елегантен фустан кој одлично и прилега на нејизната витка фигура.

Го покажа и прекрасниот поглед од плажа каде ги полни батериите…..

Тука е и романтична вечера со сопругот Михаил Корубин.

Сепак, можеби најмногу внимание привлече фотографија на која Каролина позира во бикини. Имено, таа објави фотка на која е без грам шминка, позира од близу во костим за капење, а во прв план се нејзините гради. Од приложеното може да се забележи дека македонското девојче има витка фигура на која може многумина да и позавидат.

Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари, а и посакаа да ужива во одморот. Сен надеваме дека пејачката ќе се одмори и ќе биде подготвена за новите музички проекти.

фото: инстаграм/каролина гочева