„Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија, ние први ги признавме, финансиски помагавме, помагавме и воено за време на југословенското ембарго, очекувавме колегијален став, а добивме игри зад сцената„ изјави за БНТ вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Според него, бугарското „НЕ“ на преговори на ЕУ со Македонија сепак не е конечно. Каракачанов истакнува и дека историјата е точна наука и за неа не треба да се има, како што вели тој, повеќеслоен став. Тој прашува, ако Македонците утре се наречат марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс?
Бугарскиот вицепремиер даде и свое мислење за преименувањето на Денот на словенските просветители, вели дека азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и дека Бугарија им ја дала на другите Словени.






















![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)










