Каква драма на најраздвижениот аеродром на светот! Дете завршило на лентата за багаж, па се возело со куферите

682

Едно дете за среќа само полесно се повредило во текот на “дивото” возење на аеродромската лента за транспорт на багаж, меѓу куферите.

Драматичното видео прикажува дете кое “се тумба”, паѓа и се прекачува преку куферите додека траката го носи се до подземјето за сортирање, каде се проверува багажот на аеродромот во Атланта, најраздвижен на светот.

2-годишниот Лоренцо се качил на “конвејерот” – гумената лента за транспорт на багаж кога накратко мајката Идит Вега отишла да ја испечати картата за полетување од Меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта.

Една камера го снимила Лоренцо како исчезнува низ гумената завеса, далеку од дофатот на својата мајка и службениците на аеродромот.

Видеото потоа го прикажува детето како ползи меѓу куферите, во обид да избегне лентата да го повлече во големата машина за скенирање.

Но, транспортерот е пребрз и го вовлекува внатре. Тој испаѓа на излезот од машината, и се тумба низ лентата во друга просторија во подрумот, каде шокираните службеници од обезбедувањето го тргнале од лентата и го прегрнале.

Машината за скенирање на багаж го открила Лоренцо “како проблем” и, како и другите проблематични куфери го пренасочила детето на патот за куферите кои службениците треба да ги прегледаат, изјавил портпаролот на ТСА, Марк Хауел.

Некои од вработените велат дека тој ден во гласната просторија за багаж слушнале нешто како мјаукање на мачка. Кога го виделе детето, отишле да му помогнат.

Детето имало скршена рака, но состојбата му е добра, со оглед на тоа низ што минало.

“Благодарна сум што е жив. Само на тоа мислам. Благодарна сум што е со мене”, рекла мајката.