Како реагира Трамп кога Путин ќе го повика: Британски дипломат се присетил на шокантната сцена

616

Некогашниот шеф на администрацијата на Тереза Меј, во периодот кога беше британска премиерка, раскажал дека американскиот претседател Доналд Трамп, во 2017-та година пропуштил телефонски повик од рускиот колега и објаснил каква била неговата реакција.

Имено, Трамп среде ручек почнал да му вика на својот тогашен советник. Според зборовите на Ник Тимоти, Трамп за време на ручекот со британската делегација му се налутил на неговиот тогашен советник за национална безбедност, Мајкл Флин, кога дознал дека пропуштил повик од Кремљ.

Тимоти, кој и самиот присуствувал на ручекот, рекол дека некој му спомнал на Трамп дека Владимир Путин наводно сакал да разговара со него, а Трамп пред сите почнал да му вика на Флин.

„Навистина му викаше. Тоа беше на официјален ручек, со сите услуги и убави јадења, тој му викаше преку масата: ‘Ако Путин сака да зборуваме – едноставно поврзете го’“, се присетил Тимоти.