Како икони на револуцијата: На протестите во Париз настанал хаос кога жените со црвени качулки застанале пред кордонот со голи гради

0
105

Група жени во раскопчани црвени дуксери кои ги откриваат градите, стоеле очи во очи со полицискиот кордон во срцето на Париз, во Авенијата на Елисејските полиња.

Полуголите жени со качулки на главата и кожа обоена во сребрено, ја симболизираат француската револуционерна икона Маријана, националниот симбол на Француската Република, чии бронзени скулптури се наоѓаат на Плоштадот на нацијата и Плоштадот на Републиката во Париз.

Францускиот сликар Ежен Делакроа ја прикажал Маријана на сликата “Слобода на барикадите” која била инспирирана од Јулската револуција во 1830-та година против бурбонскиот крал Карло Десетти, по која абдицирал, а на негово место дошол “граѓанскиот крал” Луј Филип. Централната фигура е Маријана со голите гради, симболичен приказ на издигувањето на Франција од оковите на тиранијата.

Мирниот протест бил извршен тивко, бидејќи не било потврдено дека станува збор за членки на движењето ФЕМЕН или било која друга организација. Корисниците на социјалните мрежи, меѓутоа, велат дека француските демонстрации добиле креативна нота.

Маријана, божицата на слободата, е национален симбол на Француската Република и метоним на француската нација.

“Жолтите елеци” го користат овој симбол во текот на протестите кои траат веќе пет седмици. Слики од Маријана со жолт елек кружат на Твитер, а некои демонстранти вееле знамиња заземајќи иста поза како и Маријана на сликата.

Која е Маријана?

Маријана е национален симбол на Француската Република, алегорија на слободата и разумот, и приказ на божицата на слободата.

Маријана е прикажана на многу места во Франција и има почесно место во градските собранија и судниците. Таа го симболизира “Триумфот на Републиката”, бронзената скулптура која се наоѓа на Плоштадот на народот во Париз. Нејзиниот профил е прикажан на официјалниот државен амблем, а втиснат е на француските евра и се појавува на француските поштенски марки.

Се наоѓала и на повлечените француски франци. Маријана е еден од најистакнатите симболи на Француската Република, и официјално се користи на повеќето владини документи.

Маријана е значаен републикански симбол и икона на слободата и демократијата против сите облици на диктатура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here