Како денеска изгледа “оазата на среќа” – развратниот хотел за мултимилионери кој ја прослави Југославија?

251

Некогаш велелепна оаза на туризмот во комунистичка Југославија, хотелот “Haludovo Palace” на хрватскиот остров Кек беше грандиозна визија за мултимилионерите од Бруклин.

Еден од најраскошните и најразвратни хотели во целиот комунистички свет, денес е руина во поодмината состојба на распаѓање, жртва на транзиција и приватизација.

Сега овој распаѓачки објект е опасен по живот, додека пред речиси половина век се сметаше за врв на социјалистичкиот луксуз. Хотелот беше познат и по кралскиот апартман, соба во која Садам Хусеин пред многу години ја поминал ноќта токму тука, наводно со манекенка од магазинот “Penthouse”.

Во доцните 1960-тите, американскиот мултимилионер и кралот на еротиката Боб Гучоне пристигнал на Крк во Југославија и доживеал просветлување. Основачот на магазинот “Penthouse” сфатил дека дошол до “вистинска формула за борба против Студената војна”.

Хотелот “Haludovo Palace” и казиното “Penthouse Adriatic Club” биле отворени во 1972 година, по речиси 4 години изградба. Конечниот производ се одликувал со раскош и впечатливо модерен изглед.

“Пентхаус” девојките понекогаш ги дочекувале гостите на аеродром, а нивната појава во хотелот давала речиси митска популарност. Редовно биле облечени во провокативни костими, а странците тогаш уживале во нивно друштво со незабиколното коцкање кое тогаш било забрането во СФРЈ. Секако, тоа не се однесувало на гостите на хотелот.

Денес, сè изгледа поинаку.

ќ