Издавањето на платежните картички со државна помош предизвика хаос пред банкитеАлсат

595

Издавањето на платежни картички со државна помош предизвика дополнителен хаос пред банките. Гужви и нетрпение меѓу граѓаните кои велат дека за влез во банка чекаат и по три часа. Дел од нив иако не биле контактирани, иако тоа требале да го почекаат, дошле само да проверат дали добиле платежна картичка.

„Давам податоци за подигнување на детски додаток“…

Прашање: Колку време чекате?

„Па има 20 минути…“, вели еден граѓанин.

Прашање: Чекате за платежна картичка?

-Да.

Прашање: Денес треба да ја подигнете?

„Да, денес, ако даваат, даваат, ако не здравје. Чекам тука скоро три саати“, додава еден од граѓаните.

„Едно три саати чекам….“

Прашање: За платежна картичка чекате?

Да“, вели едно од лицата прад банката.

Секоја банка има воспоставено протокол за да се нема гужви во експозитурите  Дел од банките платежните картички ги доставуваат на домашна адреса, а дел ги контактираат граѓаните кој ден и во колку час да ја подигнат од експозитура.

„Гужвите настануваат од клиентите што немаат термин, а доаѓаат да се информираат за проектот – домашна платежна картичка без да одат на определената веб страна www.kupuvamdomasno.gov.mk и да проверат дали се корисници на домашна платежна картичка и доколку се, од која банка, како и од граѓаните кои немаат доделен  терминот, а доаѓаат во банките за подигнувње на картичката“, велат од Македонската банкарска асоцијација.

Домашната платежна картичка е дел од третиот сет екомоски мерки за помош на четири категории граѓани. Досега банките доставиле околу 50 илјади картички од вкупно 324 илјади кои треба да бидат готови до 18 следниот месец. Но, до Владата се доставени и 30 илјади приговори од граѓани кој не се нашле на листата добитници, а сметаат дека ги исполнуваат условите.