Јувентус и оваа сезона не ги исполни очекувањата во Лигата на шампионите откако испадна во четвртфиналето од Ајакс.
Италијанскиот клуб беше апсолутен фаворит во овој двомеч, но тимот против кого ја освои последната титула во елитното натпреварување повторно приреди сензација. Веднаш по мечот, претседателот на Јуве, Андреа Ањели застана пред камерите и го објави името на тренерот што ќе го води тимот идната сезона.
„На клупата и натаму ќе биде Алегри, има договор на уште една година. На крајот на сезоната повторно ќе седнеме и ќе почнеме одново“, соопшти Ањели.
Во петте сезони на клупата на Јуве, Алегри освои исто толку титули во Серија А и два пати го однесе тимот до финалето од Лигата на шампионите, но таму загуби од Барселона и Реал.