Изработена мапа на заболени во Скопје, најмногу позитивни на коронавирусот има во Карпош

131

Институтот за јавно здравје по претходната најава што ја даде министерот за здравство Венко Филипче, изработи детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран коронавирусот.

Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје, 11 се од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 3 од Чаир, двајца од Илинден и еден странец, информира Институтот за јавно здравје.