Измијте ја косата со обично сварено кафе: Нема да престанете да го користите овој метод!

940

Иако повеќето жени ја сметаат оваа идеја за луда, миењето коса со кафе е одличен метод за убава, сјајна и здрава коса. Едно истражување покажало дека кафето може да го подобри сјајот и растот на вашата коса. Исто така, тоа може да ви помогне да ја затемните нијансата на косата.

Прво, сварете силно црно кафе. Колку е потемно и посилно кафето толку неговиот ефект на бојата на косата ќе биде подобар.

Откако ќе го приготвите кафето, измијте ја косата со шампонот што вообичаено го користите. Добро исушете ја косата, но не целосно.

Доколку има долга коса, префрлете ја напред и нанесете кафе. Потоа, со нежни движења на раката, измасирајте ја главата за да може кафето да дојде до понедостапните делови.

Потоа, ставете најлонска кеса и оставете ја така 20 до 60 минути. Колку подолго го оставите кафето да дејствува толку потемна нијанса ќе добие косата. Потоа, измијте ја косата со топла вода и темелно исушете ја.

Ако го повторувате овој метод на неделно ниво, вашата коса ќе стане потемна, посјајна и поздрава.

Кафето исто така го стимулира растењето на влакната, што значи дека повеќе нема да се борите со губењето коса. Ако сакате максимално да го искористите овој метод, можете повремено да ја измивате косата со јаболков оцет.

Важно е да се напомнете дека овој метод е наменет за луѓето со темнокафеава коса и генерално потемни нијанси. На руска коса, резултатите би можеле да бидат помалку ефикасни.